Македонија

„Скопје 1“: За детската порнографија претреси се прават и кај претседател на здружение и водител на емисија, во која се емитуваат пораки за внесување на Бугарите во Уставот!

Еден од претресите што од утрово се спроведуваат поради сомнежи за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“ се врши кај претседател и ко-основач на бугарско здружение во државава, со седиште во Струмица. Според информации од извори, сомневањата на полицијата, врз основа на кои обвинител издал налог, а судот го одобрил претресот, биле поткрепени со докази собирани подолг временски период преку оперативни обработки. Ова го објави порталот „Скопје 1“.

Натаму порталот пишува: Осомниченото лице, како што се наведува, воедно е и водител на емисија која во изминатите три месеци се емитува во јавноста, со студио лоцирано во Скопје. Истото лице се поврзува со Виктор Стојанов од т.н. „Фондација Македонија“, кој е осомничен во друг случај. Поврзувањето е откако, уште од стартот на емисијата, Фејсбук страницата на фондацијата на Стојанов ги повикала следачите да се претплатат на каналот, најавувајќи дека содржината ќе има за цел „објективно претставување на политичката ситуација, со гости од Бугарија, С.Македонија и регионот“, додавајќи „Плурализацијата на медиумите е во тек“. Во првата емисија, која е јавно достапна, веднаш била испратена и порака за внесување на Бугарите во Уставот.

Претресите, освен во Струмица каде што и е регистрирано здружението, се спроведуваат и во Битола и Охрид. Во рамки на акцијата се одземени повеќе уреди, меѓу кои телефони, лаптопи и мемориски уреди, кои ќе бидат предмет на понатамошна анализа.

Од Обвинителството и од МВР засега нема официјални информации за случајот, иако од двете институции се побарани детали,. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

Јотова: Бугарија останува отворена за дијалог, но разговорите мора да бидат без ултиматуми!

Од Бугарија, државата која ѝ испостави на Македонија во изминатиот период безброј ултиматуми да ги прифати нејзините „европски“ уцени околу „бугарските корени на македонскиот народ и јазик“, сега доаѓа став дека не прифаќа „ултиматуми од Македонија во разговорите“?!

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

To top