Македонија

Апелација ја укина пресудата за Лидија Димова

Претходно, Основниот кривичен суд ја осуди Димова на две години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, како и обврска да надомести штета од 22,7 милиони денари на Националната агенција

Но одржаната јавна седница на 11 март годинава, уважени се жалбите и на одбраната и на обвинителството, по што пресудата е укината поради суштествени повреди на кривичната постапка.

Според Апелација, во пресудата не било јасно утврдено за кои конкретни дејствија обвинетата е прогласена виновна, а за кои е ослободена, што претставува сериозен пропуст во постапката.

Предметот со сите списи е вратен на првостепениот суд на 30 март 2026 година, каде ќе треба повторно да се разгледа.

Претходно, Основниот кривичен суд ја осуди Димова на две години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, како и обврска да надомести штета од 22,7 милиони денари на Националната агенција.

Во истата постапка, таа беше ослободена од обвинението за измама, додека третообвинетата Ана Павлиду доби ослободителна пресуда за несовесно работење.

Апелациониот суд, сепак, оцени дека првостепената пресуда има суштински недостатоци, поради што целиот случај ќе се води повторно.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Македонија е прва во Европа со ваков стратешки дијалог со САД, ретка руда од паланечко ќе се извезува во Оклахома

Македонија е првата земја од Европа која одржува стратешки дијалог на вакво високо ниво со актуелната администрација на Соединетите Американски Држави.

To top