Македонија

Илиевски му честиташе на СДСМ за победата на Маѓар во Унгарија, следно е Маврово- Ростуше

Сестринската партија на СДСМ освои 1,18% од гласовите на изборите на кои според изјавите победиле Филипче, Жерновски, Јон, Богданка и другите од СДСМ

По победоносните восклици од СДСМ за победата на десничарската ТИСА на Петер Маѓар во Унгарија Богдан Илиевски упати честитка до Бихаќка.

,,Сакам да им честитам на г-динот Жерновски, Филипче, Јон и сопартијците победа на изборите во Унгарија! Заслужена! Се бореа како лавови”, вели во честитката Илиевски познат и како Бетмен Велит.

Според неговата иронична честитка следен предизвик за СДСМ е победа во општина Маврово-Ростуше.

Предходно повеќе луѓе од врвот на СДСМ се радуваа за победата на Маѓар чија партија е член на Европската народна партија ЕПП каде членува ВМРО-ДПМНЕ.

,,Им честитаме на Петер Маѓар и на Тиса за големата и историска победа!
Вечерва Унгарија рече ДОСТА Е на автократијата.
Со надеж дека новата влада на Тиса ќе ја врати Унгарија на европскиот пат, владеењето на правото и конструктивната соработка во регионот”, напиша лидерот Филипче.

,,Прослава на улиците во Унгарија, крокодилски солзи во Белата барокна палата”, објави Андреј Жерновски.

Во меѓувреме Илиевски ја потсетува Бохаќка како помина сестринската партија на СДСМ во Унгарија.

,,Сестринската партија на СДСМ и членка на ПЕС (Партијата на Европски Социјалисти), унгарската ДК освои 1,18% од гласовите на изборите (на кои победија Филипче, Жерновски, Јон, Богданка и другите од СДСМ).
Честитки и за овој успех на сестринците”, им напиша Илиевски на Филипче и Жерновски во трол објавата.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда од ЕУ е автоматски добра за Македонија, сѐ треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

„Не е прашање дали Македонија ќе биде во Европа, туку колкава цена ќе треба да плати, под кои услови и со колкаво право да одлучува за сопствената иднина.“ = се нагласува во анализата со наслов „ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка“, која е објавена во дневниот весник „Нова Македонија“.

To top