Свет

Футуристички пиштол без звук и чад: Кина ја откри новата електромагнетна технологија

Кина официјално го претстави компактното електромагнетно оружје во облик на пиштол, кое е способно да ги онеспособи целите без смртоносна сила кога е потребно, или да ослободи значително поголема моќност доколку ситуацијата го бара тоа.

Кина официјално го претстави компактното електромагнетно оружје во облик на пиштол, кое е способно да ги онеспособи целите без смртоносна сила кога е потребно, или да ослободи значително поголема моќност доколку ситуацијата го бара тоа.

За разлика од традиционалното огнено оружје, овој уред работи речиси без бучава, без блесок при пукање, без чад и без оставање празни чаури. Според наведените податоци, тој може да испука помеѓу 1.000 и 2.000 проектили во минута – брзина што значително ја надминува моќноста на класичните пиштоли и автоматски пушки.

Наместо барут, оружјето користи електромагнетна сила за забрзување на мали челични проектили. Пиштолот има цевка долга 30 сантиметри, е лесен и може да се ракува со една рака, а е опремен и со ласерски нишан за поголема прецизност.

Оружјето функционира со помош на серија електромагнетни калеми во цевката, кои ги забрзуваат металните проектили до високи брзини. Кинеските државни медиуми го опишуваат како „помалку смртоносен пиштол“, бидејќи операторот може да ја прилагоди силата на истрелот според потребата.

На пониски поставки, пиштолот е проектиран да собори или привремено да онеспособи лице со силен тап удар, без да го загрози животот. Ова го прави особено погоден за полициски операции, контрола на толпа и тајни акции.

Доколку се подеси, потешките метални проектили можат да пробијат дрвени панели од десетици метри растојание и да нанесат значително поголема штета. Таквите поставки се наменети за употреба во борбени дејствија во згради, на улици или во други затворени простори.

Најнови вести од: Свет

ЕУ почна со забраната за увоз на руски гас преку цевководи

Посебна тужба против регулативите поднесе и швајцарската компанија „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот „Норд стрим 2“. Таа компанија бара одлуката или нејзините клучни одредби да бидат поништени, тврдејќи дека забраната ефикасно ја лишува од можноста да го користи гасоводот за комерцијални цели.

Цената на нафтата паднаа под 80 долари за барел в очи на договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на светските пазари паднаа денесак за повеќе од пет отсто, под 80 долари по барел. До оваа ситуација дојде по сигналот дека САД и Иран би можеле веќе оваа седмица да постигнат договор со кој би се овозможил непречен премин на танкерите низ Ормускиот теснец и обнова на извозор на енергенси од регионот на Персискиот залив, пренесе „Трејдинг економикс“.

Трамп: Лага е дека САД му плаќаат на Иран 300 милиони долари за мир

Претседателот на САД, ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија Ен-Би-Си њуз и Фајненшнел тајмс.

To top