Натаму во своето соопштение владејачката македонска партија истакнува: Венко Филипче и актуелното раководство на СДС, кое тој го постави по негова мерка, треба конечно да се оградат од Зоран Заев и сите нему блиски сомнителни проруски бизнис партнери во матни и криминални зделки. Такви матни криминални партнери Заев има повеќе. Меѓу нив се сомнителни имиња на некои бизнисмени како Миодраг Дака Давидовиќ, Александар Онишченко, Борче Марковски. Приоритет број еден, а и единствен на Филипче, треба да му биде оградувањето од Заев, ако сака СДС да застане на свои нозе. А токму тој ја втурна СДС во жива кал, која сега оди само удолу што се гледа и од резултатите на последните минатогодишни избори на кои партијата едвај е трета во некои општини, а во некои дури и петта.
Филипче, затоа помалку грижи се за избори и изборни резултати во други држави. Засукај ги ракавите и стави ја својата партија, на здрави нозе, ако може да се дека е твоја, бидејќи ти си таму само чувар на фотелјата. И тоа е пред се важно, бидејќи за развој на една држава потребна е здрава опозициска партија, опозициска партија која стои на свои нозе. Само така ќе помогнете во и за државата и за граѓаните. Филипче, ако продолжиш да се возиш на приказната на Заев, СДС може да се соочи со исчезнување од политичката сцена. Секако, криминалите на другар ти Заев мора да ги истражат надлежните правосудни органи во Македонија. – порачува ВМРО ДПМНЕ.