Свет

Се затвора симболот на Дубаи поради реконструкција (ВИДЕО)

Симболот на Дубаи, луксузниот хотел „Бурџ Ал Араб“ во облик на едро, ќе биде затворен за обнова која ќе трае околу 18 месеци.

Симболот на Дубаи, луксузниот хотел „Бурџ Ал Араб“ во облик на едро, ќе биде затворен за обнова која ќе трае околу 18 месеци. Станува збор за прва голема реконструкција од отворањето на хотелот во 1999 година.

Член на персоналот на хотелот изјавил дека работите ќе се изведуваат во фази под водство на познатиот париски архитект на ентериери, Тристан Оер. Сопственикот, хотелската група „Џумеира“, потврди дека обновата е планирана, но не прецизира дали објектот целосно ќе биде затворен за време на реконструкцијата.

Според информациите од вработените, на гостите со веќе направени резервации ќе им биде понудено алтернативно сместување во блиски хотели од истата група, а периодот на затворање може да биде променлив во зависност од текот на работите.

„Бурџ Ал Араб“ е една од најпрепознатливите знаменитости не само на Дубаи, туку и на целиот свет. Хотелот претрпел видлива штета на фасадата на почетокот на март, кога остатоци од пресретнат ирански напад со дрон ја погодиле зградата.

Од „Џумеира“ официјално велат дека планираната реконструкција не е поврзана со овој инцидент.

Сепак, тајмингот на обновата доаѓа во период кога конфликтот меѓу САД, Израел и Иран значително го забавува туризмот во регионот.

Луксузните хотели и туристички компании во Обединетите Арапски Емирати веќе пријавуваат нарушувања на летовите, намалена побарувачка и притисок врз профитот поради геополитичката неизвесност.

Најнови вести од: Свет

Четворица убил и 20 повредил ученик во средно училиште во Турција, во втор напад од ваков вид за два дена!

Четири лица се убиени, а околу 20 се повредени во пукање кое денес се случило во средно училиште во централна Турција. Според изјава на локалниот гувернер, огнот го отворил ученик. Властите наведуваат дека се очекуваат дополнителни информации за мотивите и околностите на нападот.

Пртседателот на Унгарија да си поднесе оставка, бара Петер Маѓар

Премиерот вели дека Суљок „не е способен да го отелотвори единството на унгарската нација, не е достоен да биде чувар на владеењето на правото во Унгарија и не е способен да служи како морален компас или модел за унгарскиот народ“.

Петер Маѓар најави дека ќе ги „згасне“ вестите на државните медиуми

Секој Унгарец заслужува јавен медиумски сервис кој ја емитува вистината“, рече Маѓар на државното радио Кошут, каде што Орбан беше гостин секоја недела, додека опозициските политичари ретко беа поканети

САД не ѝ даваат иранска нафта на Кина, протеран кинески танкер

Потегот на Трамп сигнализира дека тој зазема бескомпромисен став во врска со блокадата и дека е подготвен да му се спротивстави на кинескиот лидер Си Џинпинг пред планираната посета на Пекинг за еден месец.

To top