Македонија

Мицкоски: Доста со експерименти во образованието, да почнеме со системски решенија, кои ќе определат иднината на државата!

„Како генерација мора да сме свесни дека ќе ги изгубиме младите, ако продолжиме на овој начин да функционираме! Да не се чудиме потоа зошто илјадници наши млади студираат на универзитетите во регионот. Мора да понудиме квалитет, ако сакаме да имаме генерации коишто утре ќе ја водат оваа држава!“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски. 

„Веруваме дека напредокот не се гради преку наметнување туку со партнерство. Денес имаме воспоставен вистински партнерски однос со академската заедница. Добрата намера беше препознаена и заедно работевме на креирање на нов закон за високото образование кој ќе одговори на реалните предизвици и ќе отвори нови перспективи.“ – посочи Мицкоски.

За премиерот е особено важно што новото законско решение создава услови младите да останат тука. Студентите кои со стипендии од државата студираат на најдобрите 100 светски универзитети, како и најдобрите студенти во Македонија – добитници на Инженерски прстен или прогласени за најдобри на своите универзитети – ќе имаат предност при вработување на државните универзитети.

„Подмладокот е клучот за одржливост и развој. Воведуваме и нов модел на финансирање на високообразовните установи. Дел од средствата ќе бидат насочени кон развој, а дел ќе зависат од резултатите. Повеќе вложен труд ќе значи и повеќе средства. Ќе вложуваме повеќе, но ќе бараме и отчетност. Буџетот за универзитетите годинава изнесува 7,5 милијарди денари – значително повеќе од претходните години. Овој тренд ќе продолжи. Паралелно, ја стимулираме и научната дејност, затоа што во современиот свет напредуваат оние што создаваат знаење, а не само оние што го користат. Со поддршка за научни трудови, со зголемување на цитираноста и со јакнење на меѓународната видливост, сакаме нашите универзитети повторно да бидат препознаени како центри на квалитет и иновации.“ – укажа Мицкоски.

Тој напомна дека овој закон не е донесен зад затворени врати, туку оти е водена широка расправа меѓу универзитетите, експертите, студентите… „Дојде време да престанеме со експерименти и да почнеме со системски решенија. Како генерација мора да сме свесни дека ако продолжиме на овој начин да функционираме ќе ги изгубиме младите и да не се чудиме зошто илјадници наши млади студираат на универзитетите во регионот. Мора да понудиме квалитет ако сакаме да имаме генерации коишто утре ќе ја водат оваа држава. Со импровизирање и со ад-хок решенија или решенија што се креирани само за една мала група на луѓе не можеме да одиме напред. Или ќе ја работиме работата како што треба или подобро воопшто да не ја работиме и да ставиме клуч и да знаеме дека државата нема иднина. Но, јас ќе се борам се додека сум претседател на Владата во оваа држава да има многу поголема иднина од оваа којашто некој за жал ја претскажува и за жал одредени опозициски структури коишто сакаат да ја врата во оние темни мрачни времиња исполнети со криминал, корупција, неквалитет и не просперитет.“ – рече премиерот Мицкоски.

Тој порача дека ова не е политичко, туку државно прашање, кое треба да ја определи иднината на оваа држава. „Младите да останат тука, а тие коишто заминаа да се вратат, затоа што се сеќавам и во едни други времиња, кога нашите универзитети беа конкуренти со универзитетите во регионот и кога исклучок беа младите нашите средношколци да заминуваат во странство, а денеска тоа станува правило. Саеми на универзитети и држави ни ги земаат младите, затоа што младите не препознаваат квалитет тука дома во сопствената татковина, во високото образование.“ -истакна Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top