Македонија

Николоски: Од јуни Прилеп и Битола ќе бидат поврзани со воз, повратниот билет ќе чини 150 денари

Меѓуградски воз Прилеп-Битола ќе почне да функционира од јуни, а повратен билет ќе чини 150 денари. Новата врска меѓу овие два соседни града ја најави министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Тој денес добил ветување од градежниците дека првите километри од автопатот меѓу Прилеп и Битола ќе се возат веќе следната пролет, а делницата, според договорот, ќе биде целосно завршена до крајот на 2029 година.

„Ние сме свесни дека во овој момент е отежната комуникацијата меѓу Прилеп и Битола имајќи предвид дека за да се изгради нов автопат потребно е време, потребно е да извршат многу земјени активности. Сега се користи стариот пат кој што е со помал проток и за таа цел работиме со двете железнички претпријатија, Македонски железници – инфраструктура, само што зборував со директорот и Македонски железници – транспорт, некаде во месец јуни најдоцна да пуштиме меѓуградски воз кој што би оперирал на линија Прилеп – Битола – Жабени и на тој начин да можат оние кои што имаат дневна потреба меѓу овие два града, а и оние кои што работат во индустриската зона Жабени да го користат возот што би значело навреме да се стигнува, брзо да се стигнува, и да одиме со една промотивна цена, а тоа е 150 денари за повратна карта. Тоа е убедливо најевтино нешто што може да се најде на пазарот имајќи превид дека некој повеќе би платил само за паркинг, да не зборувам за бензин и така натака доколку би користел возило“, рече министерот Николоски.

По денешниот увид на градежните работи за автопатот Прилеп – Битола, министерот кажа дека на регионот му се случува инфраструктурен бум и најави уште три проекти, обиколница во Прилеп која ќе го извади товарниот сообраќај надвор од градот, парно во Битола и гасификација.

Најнови вести од: Македонија

Новиот систем за влез и излез во ЕУ направи хаос на аеродромите низ Европа и светот! Патниците чекаат по три часа во најголем број случаи!

Целосното спроведување на Системот за влез/излез на ЕУ (EEС) на 10 април го зголеми времето за обработка на границите за до 70 проценти: „АЦИ“ – меѓународната организација, која ги обединува аеродромите низ светот, пријави време на чекање од три часа во најголем број случаи! Оливие Јанковец, директор на европскиот оддел на „АЦИ“, изјави за „Фајненшл тајмс“: „Оваа ситуација, во наредните седмици и во текот на летните месеци, во шпицот, ќе биде неуправлива.“

To top