Македонија

Љутков: Почнуваат конзерваторско-реставраторските зафати во црквата „Св. Константин и Елена“ во Мокрино

Во црквата „Св. Константин и Елена“ во село Мокрино, општина Ново Село

Со над 2 милиони денари, обезбедени преку унгарската кредитна линија, следната недела почнуваат конзерваторско-реставраторските зафати на ѕидното сликарство во црквата „Св. Константин и Елена“ во село Мокрино, општина Ново Село – најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на сакралниот објект заедно со директорот на Заводот и Музеј – Струмица, Бранко Ѓоргиев, и градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорги Божинов.

Љутков истакна дека со овој проект се прави конкретен исчекор во заштитата на културното наследство нагласувајќи дека „денес, наместо празни ветувања, постојат конкретни проекти, јасен план и обезбедени средства“.

Црквата „Св. Константин и Елена“, изградена 1870 година, претставува едно од најзначајните културни и духовни обележја во Струмичкиот Регион.

Носител на активностите за кнзервација и реставрација е Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица во соработка со стручни лица од Националниот конзерваторски центар од Скопје.

Овој проект претставува значаен чекор во зачувувањето и афирмацијата на културното наследство на општина Ново Село. Министерството и во иднина ќе продолжи со континуирани вложувања во заштитата и зачувувањето на нашето вредно културно наследство за идните генерации.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top