Македонија

Меџити: На 9-ти мај ВРЕДИ станува една партија

Новиот политички субјект ќе биде позициониран како десничарска партија и ќе функционира со модел на заедничко раководење, со двајца копретседатели – Билал Касами и Изет Меџити

На Денот на Европа,  ВРЕДИ ќе го одржи својот прв конгрес со што кога ќе ја официјализира трансформацијата во политичка партија.

Ова синоќа го најави градоначалникот на скопската општина Чаир и лидер на Демократското движење, дел од владејачката коалиција ВРЕДИ, Изет Меџити, во емисијата „Само вистина“ на  Канал 5.

Објасни дека изборот на датумот има симболично значење и ја одразува определбата на коалицијата кон европските вредности и интегративните процеси.

Според најавите, новиот политички субјект ќе биде позициониран како десничарска партија и ќе функционира со модел на заедничко раководење, со двајца копретседатели – Билал Касами и Изет Меџити.

„Идеолошки ќе бидеме ориентирани центар-десно. Сега се работи на операционализирање на новата платформа“, рече Меџити.

Со одржувањето на конгресот, ВРЕДИ треба да го заокружи процесот на политичко консолидирање и да го дефинира своето понатамошно дејствување на политичката сцена.

На новинарска констатација дека датумот на одржувањето на конгресот ќе се поклопи со месецот во кој премиерот Христијан Мицкоски најави реконструкција на владата, Меџити рече дека дека нема информации за тоа кои министри ќе бидат опфатени во реконструкцијата на владата, но дека пред реконструкцијата ВРЕДИ веќе ќе биде една партија.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

To top