Македонија

Бугарска антимакедонска организација во одбрана на СДСМ (ВИДЕО)

Режимот на Мицкоски ќе падне и ние ќе се погрижиме за тоа”, објави фондацијата!

Бугарската антимакедонска организација ,,Фондација Македонија”, застана во одбрана на СДСМ.

Фондацијата позната по великобугарски национализам и негирање на македонскиот национален идентитет испратила видео до сите делови на ЕУ во кое ги брани луѓето во СДСМ кои можеби се дел од криминални шеми.

Изјавата на премиерот Мицкоски кој вели дека има чувство дека наскоро осомничени за криминал од СДСМ ќе треба да даваат одговори беше причина бугарската организација да застане зад тимот на Филипче.

Бранејќи го СДСМ бугарската фондација најавува дека ќе се бори за пад на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Денес го испративме ова видео со англиски титлови до сите институции на Европската Унија, за да можат да видат како Мицкоски отворено ѝ се заканува на опозицијата во земјата со апсења и гонења! Под режимот на Мицкоски, се чини дека е „нормално“ тој лично да се меша во работата на обвинителството и да наредува кој треба да биде обвинет и уапсен. Режимот на Мицкоски ќе падне и ние ќе се погрижиме за тоа”, објави фондацијата!

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top