Македонија

Шок на роденденот на СДСМ: Заев доцнеше со часови поради промоција на филм и го пропушти говорот на Филипче (ВИДЕО)

На свечената прослава по повод 35-годишнината од основањето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, поранешниот лидер на партијата Зоран Заев се појави со значително доцнење, на самиот крај од настанот.

На свечената прослава по повод 35-годишнината од основањето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, поранешниот лидер на партијата Зоран Заев се појави со значително доцнење, на самиот крај од настанот.

Заев пристигна во моментот кога Венко Филипче, актуелниот претседател на СДСМ, веќе го држеше својот свечен говор. Поранешниот премиер не го слушна обраќањето на својот наследник, туку пристигна дури кон крајот на вечерта.

На видеоснимките од настанот може да се види и чуе како Заев се извинува за доцнењето, објаснувајќи дека доаѓа директно од промоција на филм. „Извинете на доцнење сега, ама морав таму на промоција на тоj филмот“, изјавил тој.

Според присутните, дел од сопартијците биле видно изненадени од неговото доцнење. На нивните прашања зошто го немало, Заев во својот препознатлив неформален стил одговорил: „Не бе, не бе, тука сум јас, тука сум!“

На прославата од поранешната „стара гарда“ на СДСМ присуствувале само Заев и неколку негови блиски соработници – меѓу кои Бучко и Зечевиќ. Поголемиот дел од останатите поранешни истакнати членови и функционери на партијата не биле присутни, што предизвика шпекулации дека станува збор за симболичен сигнал на дистанцирање од актуелното раководство на Филипче.

СДСМ ја одбележува 35-годишнината од своето основање во услови на историски најнизок рејтинг на партијата во последните три децении.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top