Македонија

Битола: Автоматско отчитување на водомерите и намалување на загубите на вода

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, заедно со директорот Андреј Гинов, присуствуваше на работен состанок во ЈКП „Водовод“ со претставници од швајцарската амбасада, посветен на реализација на нов проект за модернизација и за дигитализација на системот

Јавното комунално претпријатие „Водовод“ во Битола инвестира во паметен и одржлив водоводен систем, соопшти претпријатието.

Градоначалникот  на Битола, Тони Коњановски, заедно со директорот Андреј Гинов, присуствуваше на работен состанок во ЈКП „Водовод“ со претставници од швајцарската амбасада, посветен на реализација на нов проект за модернизација и за дигитализација на системот.

Клучни фактори на проектот се рационализација на водните ресурси, со акцент на регионалните водоводни мрежи.

Првата фаза опфаќа приоритетни регионални системи со најголема потреба.

Како што информираат од претпријатието, проектот е структуриран во 3 фази, кои се јасно дефинирани и според финансиска тежина.

„Се предвидува надградба на постојниот SCADA и дигитална трансформација, aвтоматизирано отчитување, особено во руралните средини, намалување на загубите на вода и зголемување на ефикасноста. Ќе има поддршка од европските фондови и меѓународните партнери“, се додава во соопштението.

Проектот претставува континуитет и надградба на долгогодишните инвестиции и заложби на ЈКП „Водовод“ со јасна цел – целосно дигитализиран и ефикасен систем. Со овие активности, Битола прави значаен чекор кон одржливо, модерно и одговорно управување со водните ресурси, потенцираат од водоснабдителното претпријатие.

Најнови вести од: Македонија

Нова можност за младите: Пивара Скопје ја лансира „Youth Empowered“ – Академијата за млади

Со фокус на дигиталните и ВИ вештини, денес започна Youth Empowered Пивара Скопје Академијата за млади – бесплатна едукативна платформа насочена кон унапредување на знаењата и вештините на младите

Штипскиот гимназијалец Даниел Христов освои бронзен медал на Менделеева олимпијада по хемија

Штипскиот гимназијалец Даниел Христов освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија – натпревар каде се соочуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет, соопштија денеска од гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип

To top