Македонија

Политички незрел потег – Митева за заканите од Филипче

Постапувањето на ваков начин не носи ништо добро во интерес на граѓаните

Портпаролката на Владата Марија Митева рече дека е „политички незрел потег и постапувањето на ваков начин не носи ништо добро во интерес на граѓаните“, откако лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, постави услови за Пржинската влада и дека оваа партија ќе се повлече од работната група за Изборниот законик.

Според Митева институциите мора да бидат демократски, а владата на ВМРО-ДПМНЕ тоа го покажала во секојдневното работење, заради што, како што посочи, „треба да се напуштаат моделите од минатото“.

„Не можам да разберам како Филипче вчера кажа дека имаме пораст на гласовите, а денеска дека е против укинувањето на техничката влада, за која во минатото беа согласни дека треба да се укине“, рече Митева.

Претходно денес, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, му постави ултиматум на премиерот Христијан Мицкоски  – Владата да ги повлече измените на Законот за Влада со кои се укинува техничката влада, во спротивно СДСМ ќе ја напушти работната група за Изборниот законик.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top