Македонија

Мицкоски: Еден министер сигурно нема да биде дел од Владата

Министерот за добро владеење Арбен Фетаи лично му пренел на премиерот дека во иднина не се гледа повеќе во Владата

facebook.com/VladaMK

Претседателот на Владата во синоќешното гостување на ТВ Сител соопшти дека Арбен Фетаи повеќе нема да биде министер за добро владеење во идниот состав на владата.

„Разговаравме јас и Фетаи лично. И тој лично ми пренесе дека во иднина не се гледа повеќе во Владата која што јас ја предводам. Тоа беше пред неколку недели. Тој рече дека ќе се врати во Брисел, имајќи го предвид неговото образование, искуство во рамките на институциите во Брисел.

Мицкоски рече дека смета дека тоа би била добра можност тој да биде некаков специјален пратеник во рамките на Европскиот парламент, на бриселската администрација.

Во врска со реконструкцијата на Владата, премиерот Мицкоски рече дека сè уште е фокусиран на внатрешното организирање на ВМРО-ДПМНЕ, а промените во Владата би се случиле во втората половина на мај или почетокот на јуни. Најави можна промена на ресори и одредени имиња во идниот владин состав.

„ Јас ги анализирам состојбите, но сега сум фокусиран на она што се вика внатрешно организирање во самата ВМРО-ДПМНЕ. Она што го најавив на конгресот дека во текот на месец април, најдоцна во првата половина на мај мојата цел е да ја заокружам структурата во рамките на ВМРО-ДПМНЕ. И од, да речеме, втората половина на мај или јуни заедно со коалициските партнери да направиме поместување, доколку видиме дека тоа е потребно, одредени ресори, одредени имиња да ги промениме, да ги ротираме. Тоа би требало да биде еден поголем холистички пристап. Но, во овој момент на таа тема само анализирам, не би можел да кажам дека имам каков било заклучок, но дека ќе има промени, тоа е факт, ќе има промени“, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Загина еден од затрупаните работници на градилиште во Кисела Вода

Еден градежен работник загина, а тројца се тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информира доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје

Тројца работници затрупани на градилиште

Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, а во координација со Центарот за управување со крици (ЦУК) и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице

To top