Хроника

Во автомобил со италијански таблички превезувал Виетнамци

Скопјанец во патничко возило „Тојота Корола“ со италијански национални регистарски ознаки, превезувал петмина имигранти, сите од Виетнам“

 

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија соопштува дека е приведено лице од Скопје, кое е фатено како превезува имигранти од Виетнам.

„Вчера (23.04.2026 година), околу 02:30 часот, во близина на границата со Грција, во атарот на селото Богородица, полициски службеници од СП за В.К. и М.К. Богородица го лишија од слобода У.Ш. (48) од Скопје, поради сомнение дека во патничко возило „Тојота Корола“ со италијански национални регистарски ознаки, превезувал петмина имигранти, сите од Виетнам“.

„По наредба на јавен обвинител, У.Ш. е приведен во полициската станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додека имигрантите се сместени во Прифатниот и транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија“, велат од МВР.

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

To top