Македонија Бизнис

Законот за енергетика ги поставува темелите на новата енергетска политика

Министерството за енергетика вчера го поздрави усвојувањето на Законот за енергетика од страна на Собранието на Македонија. Од ресорното Министерство истакнуваат дека е донесен систематски, сеопфатен и реформски закон со кој се поставуваат темелите на новата енергетска политика на државата. “Со ова, Македонија конечно добива јасна, модерна и европски усогласена законска рамка за развој на […]

Министерството за енергетика вчера го поздрави усвојувањето на Законот за енергетика од страна на Собранието на Македонија. Од ресорното Министерство истакнуваат дека е донесен систематски, сеопфатен и реформски закон со кој се поставуваат темелите на новата енергетска политика на државата.

  • “Со ова, Македонија конечно добива јасна, модерна и европски усогласена законска рамка за развој на енергетиката”, велат од Министерството.

Тие додаваат дека Законот е подготвуван во широк, инклузивен процес кој ги опфатил институциите, експертите, бизнис секторот, операторите, регулаторното тело и други засегнати страни. “Преку 61 амандман во редовна законодавна постапка, се доби решение кое го унапредува квалитетот, прецизноста и применливоста на законот.”


Новиот Закон за енергетика е во согласност со Реформската агенда за Западен Балкан и европските директиви, а содржи неколку клучни столбови: значително зголемување на учеството на обновливите извори во финалната потрошувачка, поголема енергетска ефикасност и намалување на загубите, отворен енергетски пазар во кој граѓаните стануваат активни чинители – производители, продавачи, членови на енергетски заедници.

Посебно внимание е посветено на социјалната правда – законските решенија вклучуваат заштита на ранливите категории, поддршка за енергетска сиромаштија и фер пристап до енергија за сите, потенцираат од Министерството за енергетика.

Законот, според Министерството, нуди стабилна, транспарентна и предвидлива рамка за домашни и странски инвеститори и ги зајакнува капацитетите на регулаторот и операторите, креирајќи услови за поголема интеграција со регионалните и европските енергетски мрежи.

  • “Енергијата не е само моторот на економијата, таа е основа за квалитетен живот. Со овој закон ја отвораме вратата за една енергетски суверена, зелена и европска Македонија”, истакнува министерката за енергетика Сања Божиновска.

Од Министерството најавуваат дека ќе се продолжи со имплементација на законот со фокус на резултати кои директно ќе се почувствуваат од страна на граѓаните и стопанството.

Законот беше изгласан вчера во рамки на 48-та пленарна седница со 62 гласа „за“.

 

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

To top