Македонија

Милошоски: Во недостиг на идеи, СДС шири шпекулации за државјанствата

За пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, неосновани се обвинувањата дека некои негови сопартијци имаат и бугарско државјанство, бидејќи токму тие се потписници на предлогот пратеник да има само македонско државјанство

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, го обвини СДСМ дека шири шпекулации за државјанствата на некои пратеници од неговата партија во екот на јавната дебата за измените на законот според кои народен избраник во Македонија ќе може да има само македонско државјанство.

„И во 2021 година и денес, СДС не престана со злоупотреба на шпекулации, во прашална форма, никогаш како конкретно тврдење, кој има, кој нема, ваков или таков пасош, во недостаток на други идеи, проекти или можеби внатрепартиски слабости. И во 2021 година преку нивниот тогашен сојузник, Каракачанов и сега преку нивната веб страна, злоупотребуваат, клеветат и шират манипулации по однос на двојно државјанство на одредени колеги пратеници. Сметавме дека ова е еден начин како да го повториме нашиот став што го имавме од 2021 година, дека не се сменило ништо, и дека доколку некој смета дека единственото државјанство е концепт којшто е поцврст за македонското Собрание, ние стоиме зад тој предлог, како тогаш, така и денес, затоа и го предложивме“, истакна Милошоски во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Токму од опозициската партија доаѓаат неосновани обвинувања дека одреден дел од пратениците се со двојно државјанство, а потписници на оваа измена, како што кажа, се токму актуелни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за кои СДС наведува дека се со бугарско државјанство.

„Второ, сметаме дека кога сте одбрале да бидете пратеник, има логика, ако сте пратеник во Собранието на Македонија да бидете и според државјанство лојален само на таа држава каде што одлучиле, или ви дале доверба да бидете пратеник. Бидејќи кога има двојно државјанство, иако македонскиот Устав не го забранува, сепак има една етичка и политичка дилема на која држава сте повеќе лојален, особено ако во Собранието одлучувате за теми коишто не ја засегаат само Македонија, туку можеби засегаат и други држави, каде што може некој од колегите пратеници да има двојно државјанство“, дециден е пратеникот Милошоски.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top