Македонија

Регионален бран на закани за бомби: Македонија дел од хибридна операција на Балканот

Вчерашната евакуација на еден од најпосетуваните трговски центри во Скопје се вклопува во поширока регионална шема на закани за бомби, која според безбедносните експерти укажува на координирана стратегија за создавање несигурност и страв кај граѓаните.

Вчерашната евакуација на еден од најпосетуваните трговски центри во Скопје се вклопува во поширока регионална шема на закани за бомби, која според безбедносните експерти укажува на координирана стратегија за создавање несигурност и страв кај граѓаните.

Експертите за безбедност алармираат дека „отворањето на сезоната“ на лажни дојави за бомби во Македонија се совпаѓа со слични бранови во соседните земји. Ова, според нив, не е дело на поединци, туку на добро осмислена хибридна дејност насочена кон виталните објекти и институции во регионот.

Анализите покажуваат дека ваквите закани најчесто се шират преку софистицирани дигитални платформи кои го прикриваат вистинското потекло на испраќачот, искористувајќи ги постоечките пропусти во сајбер-просторот на земјите од Западен Балкан.

Целта е повеќеслојна: економско исцрпување на државните ресурси преку често ангажирање на специјални полициски единици и бомбски тимови, како и создавање долготрајно чувство на несигурност и недоверба во институциите кај граѓаните.

Овој регионален пристап сугерира дека Македонија е дел од пошироката геополитичка слика на Балканот, каде хибридните закани стануваат се почеста форма на притисок.

Додека надлежните институции работат на зајакнување на дигиталната одбрана и меѓународната соработка, експертите сметаат дека предизвикот бара сеопфатен и координиран одговор кој оди подалеку од пронаоѓањето на поединечниот испраќач на еден електронски меил.

Евакуација во Сити Мол, дојава за бомба во трговскиот центар

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top