Македонија

Европскиот фронт ќе собира потписи за уставни измени

Еден од лидерите на ВРЕДИ, Билал Касами, изјави дека оваа идеја служи за задржување на партиските активисти кога членовите на коалицијата Европски фронт секојдневно ја напуштаат

Пратеникот од Европскиот фронт, Блерим Беџети, вчера најави почеток на постапката за обезбедување на потребните потписи од пратеници за иницирање уставни измени. Тој ги повика сите пратеници да ја поддржат оваа иницијатива, бидејќи, како што додаде, нашата земја изгубила две цели години во процесот на евроинтеграции. Беџети очекува предлогот за уставни измени да може да биде поднесен од најмалку 30 пратеници.

„Затоа, почнувајќи од денес, упатуваме повик до сите пратеници во Собранието на РСМ. И до парламентарното мнозинство и до опозицијата, вклучително и пратениците од Алијансата за Албанците на господинот Таравари и господинот Села, ДПА, независните пратеници, како и претставниците на сите политички партии кои ја гледаат иднината на земјата во Европската Унија. Особено пратениците од ВЛЕН да ја дадат својата поддршка со потпишување на оваа иницијатива“, вели Беџети.

Од ВРЕДИ ја оценија ваквата иницијатива како несериозна, сметајќи ја повеќе за пародија отколку за институционален предлог што заслужува сериозен третман. Еден од лидерите на ВРЕДИ, Билал Касами, изјави дека оваа идеја служи за задржување на партиските активисти.

„ДУИ имаше 20 години да ги промовира уставните измени и да ги унапреди колективните права на Албанците. Денес, кога ДУИ е пред својот конечен распад, бидејќи веќе гледаме дека членовите на коалицијата Европски фронтс екојдневно го напуштаат овој политички субјект, за да ја одржи надежта кај своето членство, излегува со големи идеи.“, изјави Касами.

Инаку, и ВРЕДИ и ДУИ се за уставни измени, но без гласовите на ВМРО-ДПМНЕ не може да се обезбеди двотретинско мнозинство. ТВ21

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top