Македонија

Тасевски до Земон и СДСМ за навредите кон Гоце Делчев: Дали ви препишаа терапија (ВИДЕО)

Прашања кои (не) заслужуваат одговор

Актерот и писател Сашо Тасевски реагира на понижувањето кое членот на извршниот одбор на СДСМ Рубин Земон го стори за Гоце Делчев.

Тасевски не може да прифати Земон да го навредува Гоце Делчев и остро реагира во видео.

Видеото на Тасевски на линкот

https://www.facebook.com/share/v/1CpgsXpPTx/

Во меѓувреме Земон се извини но не призна дека згрешил туку дека бил погрешно разбран

Рубин Земон се извини за изјавата за Гоце Делчев: „Немав намера да ја намалувам неговата големина“

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Огромна осуда за какво било насилство во Македонија, нема толеранција за тоа, итно се постапува со случајот со бугарската амбасада!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остро го осуди вчерашниот инцидент со палењето возило во сопственост на Амбасадата на Бугарија во Скопје. „Осуда за какво било насилство спрема било кого во Македонија е логична. Насилство нема да дозволиме и нема да биде толерирано.“ – нагласи министерот. Во однос на мотивите за инцидентот Тошковски посочи дека во овој момент не може да сподели повеќе информации, но додаде дека постапката е во тек и се води согласно со законските процедури. 

Пркосот на масакрираната „Македонска сончева колона“ од Ваташа кон бугарските фашисти на 16.6.1943: Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!

На денешен ден, на 16 јуни 1943 година беше извршен Ваташкиот масакр, најголемото злосторство врз македонскиот народ за време на Втората светска војна во Македонија, покрај Дабничкиот колеж. Со намера да го спречи големиот подем на народно-ослободителното движење во Македонија, а сѐ во рамките на Јунската непријателска офанзива, бугарскиот фашистички окупатор во месноста „Моклиште“ масакрира и стрела 12 Македонци од селото Ваташа на возраст од 15 до 27 години. Во пролетта 1943 година, по повеќе акции на партизанските одреди на Третата оперативна зона, три полка бугарска војска и одреди полиција, под команда на полковникот Апостолов, од 7 до 16 јуни 1943 година започнува со офанзива за уништување на партизаните. Но, откако доживува неуспех, се нафрла и на мирното население. Врвот на бугарските погроми над цивилното македонско население е ваташкиот масакр „во чест“ на роденденот на бугарскиот престолонаследник Симеон ІІ. Дали и кога ќе дојде бугарски претседател, или премиер, во Ваташа да клекне пред масакрираните Македонци и да побара прошка во име на бугарската држава и народ, како што стори германскиот канцелар Вили Брант на 7.12.1970 пред споменикот на Евреите од Варшавското гето во Варшава, стрелани од германските фашисти? Тој дождлив ден германскиот канцелар Брант беше клекнат на колена само 30 секунди, но во таа половина минута испиша ново поглавје во германската историја. Дали може и бугарски политичар да испише денес ваква нова страница, вакво нови поглавје во нивната бугарска национална историја, засебна од македонската историја? Па дури тогаш да започне вистинска, нова ера на вистински македонско-бугарски добрососедски односи со заемно разбирање, признавање и пријателство?

To top