Свет

Во пожар во Русија невидена трагедија: во куќата загина седумчлено семејство, од кое четири деца

Во Ханти-Манси автономниот округ во Западен Сибир, Русија, во пожар во приватна куќа загина седумчлено семејство, меѓу кои четири деца, соопштија локалните власти.

Пожарот избувнал во текот на ноќта во селото Високи, во градот Мегион. Според гувернерот на регионот Руслан Кухарук, семејството не успеало да се спаси пред огнената стихија да ја зафати куќата.

Според првичните информации,  причината за пожарот е поврзана со непочитување на противпожарните правила при користење електрични уреди. Огнот бил пријавен во раните утрински часови, а кога пристигнале пожарникарите веќе бил во развиена фаза и постоела опасност да се прошири на соседни објекти.

Пожарот бил локализиран по околу два часа, при што изгорела површина од 142 квадратни метри. Во гаснењето учествувале 16 пожарникари со четири возила. 

Најнови вести од: Свет

Гасот ја засени нафтата, станува главен ризик за инфлацијата во Европа

Природниот гас ја престигна нафтата и стана најголемата грижа за трговците со европски обврзници, бидејќи намалените залихи на клучното гориво се закануваат повторно да ја поттикнат инфлацијата.

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top