Свет

„Украина не може да победи“, велат од АФД (ВИДЕО)

Ќе потрошиме повеќе од 100 милијарди, ниту една друга земја не потрошила толку, а ние самите сме високо задолжени

Лидерката на АфД посебно ја оспорува огромната германска финансиска поддршка за Киев.

„ Ќе потрошиме повеќе од 100 милијарди. Ниту една друга земја не потрошила толку, а ние самите сме високо задолжени“, рече лидеркта на АФД,  Алис Вајдел, партија чиј рејтинг расте со геометриска прогресија, во интервју за „Економист“

„Мислам дека е погрешно да се продолжува со финансирањето и со пролонгирањето на една веќе изгубена војна – изјави Вајдел.

Вајдел е категорична и во проценката на односот на силите.

„Украина е премала. Украина не може да победи против Русија. Тоа е невозможно“ вели  Алис Вајдел, во интервју за „Економист”

Според неа, продолжувањето на војната и политиката што ја води германската влада создаваат „огромен ризик” за самата Германија.

Германските влади од почетокот на руската инвазија обезбедија различни форми на помош за Украина чија вкупна вредност до средината на 2026 година се проценува на околу 100 милијарди евра.

Вајдел својата позиција ја формулираше со порака која јасно потсетува на политичката парола „America First” на американскиот претседател Доналд Трамп.

– За мене, интересот на мојата земја е на прво место. Германија на прво место. Оваа војна не е во наш интерес – изјави лидерката на АфД.

Најнови вести од: Свет

Родители во САД го тужат Гугл: „Нашата 13-годишна ќерка Ема планираше самоубиство со помош на вештачка интелигенција!“

Родители на 13-годишно девојче го тужат Гугл, тврдејќи дека нивната ќерка ја користеше технологијата за вештачка интелигенција на компанијата, преку училиштен компјутер, за да испланира самоубиство и сопствен погреб. Тужбата, поднесена во понеделникот, на 2 ноември, пред суд во Калифорнија, се смета за прв случај во кој Гугл се обвинува за невнимание во врска со функциите за пребарување базирани на вештачка интелигенција, кои се достапни на училишните уреди „Chromebook“, пишува Euronews.

To top