Натаму Манасиевски истакнува: Но, што велат луѓето од највисоките редови во СДС, кои се директно назначени токму од Филипче? Рубин Земон, како најнов случај, кој е член на Извршен одбор на СДС, кој е и поранешен функционер за време на Зоран Заев, без двоумење на еден поткаст изјави дека за него Гоце Делчев е небитен, дека е мит, и дека не е важен кога станува збор за македонската државност. Гоце Делчев, еден од темелите на македонската државност, е мит за Рубин Земон, другарот на Филипче. Венко Филипче ниту се огради, ниту се изјасни за оваа изјава на Рубин Земон, затоа што од друга страна, тој јавно изјави дека е подготвен да потпише уставни измени, веднаш, без услови, и без никакви гаранции дека тоа би била последната пречка за Македонија при евроинтегративниот процес.
Венко Филипче, кој сам се прогласува како проевропски настроен лидер на партија во опозиција во земјава, ги извртуваше изјавите на европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц. Вајц за ова лично се огласи и разјасни дека интервјуто е дадено скоро два месеци пред да биде објавено и дека оти сегашната Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во земјава има значаен напредок. Со оваа изјава јасно беа демантирани лагите на Венко Филипче. Според ова, СДС не е проевропска туку е опортунистичка.
Исто така, уште еден важен пример е тоа што со месеци од СДС ширеа невистини дека средствата од ИПАРД програмата се изгубени, и дека македонските земјоделци останале без поддршка. Брисел даде јасен одговор на ова прашање дека средствата се достапни и се на располагање на македонските земјоделци и дека воопшто никогаш не биле блокирани. СДС и Филипче се подготвени да потпишуваат бланко листови, без гаранции, да лажат европратеници, додека во сопствените редови шират негирање на македонскиот идентитет, затоа што Филипче не е морален авторитет да говори за европските вредности.
СДС не е проевропски настроена, ниту Филипче е проевропски настроен, истакнува Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ.