Свет

Обама: Нетанјаху ме наговараше за војна со Иран, сега го доби она што го сакаше

Израелскиот премиер го доби она што го сакаше. Но, дали на крајот е најдобро за израелскиот народ е многу дискутабилно. Се сомневам дека е добро и за САД, вели поранешниот американски претседател

 

Поранешниот американски претседател Барак Обама во интервју објавено вчера во списанието „Њујоркер“ ја доведе во прашање исплатливоста на војната со Иран.

Тој изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, исто како и Трамп, силно го поттикнувал за војна, но тој го одбил.

„Верувам дека мојата проценка беше точна“, рече Обама, изразувајќи сомнежи дали таков исход би бил корисен за Израел или за Соединетите Држави.

„Нетанјаху го доби она што го сакаше. Но, дали на крајот е најдобро за израелскиот народ е многу дискутабилно. Се сомневам дека е добро за Соединетите Држави. Мислам дека моите несогласувања со Нетанјаху се добро документирани“, додаде тој.

Осврнувајќи се на заканата на Трамп кон Иран – „цела цивилизација ќе умре вечерва, никогаш нема да се врати“ – Обама, без директно да го спомене, рече дека таков јазик е во спротивност со она што американското раководство треба да го претставува.

„Ако не се залагаме за тие основни вредности – дека има невини луѓе во земји со ужасни влади и дека ни е грижа за тие луѓе, дека можеме да правиме грешки ако не се чуваме од гордост и личен интерес… Ако не се држиме до тоа, светот би можел да се движи во многу лоша насока“, рече тој.

Обама, исто така, посочи на големата штета што Трамп ја нанесе на односите на САД со сојузниците и предупреди дека обновата на тие врски ќе биде огромен предизвик.

„Мислам дека санирањето на штетата нанесена на меѓународниот поредок ќе биде уште потешко од некои од поправките направени на домашен план“, рече тој, опишувајќи го системот на меѓународна соработка воспоставен по Втората светска војна како „еден од најсветлите моменти на Америка“.

Најнови вести од: Свет

(Фото): 20.000 поморци заглавени во Ормутскиот теснец – ситуација без преседан

Преку „Проектот Слобода“ претседателот Трамп ја почна американска операција за извлекување на заглавени трговски бродови во Ормускиот теснец. САД воспоставија безбедносна зона јужно од вообичаените бродски рути и ги повикаа морнарите да се координираат со властите на Оман. Воената команда на Техеран соопшти дека ќе возвратат на сите агресивни дејствија, а бродовите што минуваат низ протокот мора да се координираат со нив.

Иран ги предупредува САД: Не влегувајте во Ормускиот теснец

Американската операција за ослободување на бродовите заглавени во Ормутскиот теснец ќе вклучува бродови-уништувачи со наведувани ракети, повеќе од 100 авиони, повеќедоменски беспилотни системи и околу 15.000 воен персонал

To top