Македонија

Османи предупредува: Охридскиот рамковен договор е загрозен

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, реализира дводневна работна посета на Брисел, каде оствари средби со високи претставници на Европската служба за надворешна акција (EEAS), Европската комисија и Европскиот парламент.

Како што се наведува во соопштението од ДУИ, Османи во разговорите истакнал дека европскиот пат на земјата е блокиран, а изразена е и сериозна загриженост за судбината на Охридскиот рамковен договор и неговото спроведување.

Османи предупредил дека постојат ризици за стабилноста и дека е потребно зачувување на Охридскиот рамковен договор како основа за меѓуетничките односи во земјата.

„Европската интеграција бара и внатрешни политички одлуки, но и посилна поддршка од европските партнери“, се вели во соопштението од ДУИ.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top