Бизнис

(Видео): Премиерот очекува месечна инфлација од 1% споредена со март

Резултатите од анкетата на Народна банка, спроведена во март меѓу економските аналитичари, покажува дека инфлацијата во земјава се очекува да достигне просечно ниво од 3,6 проценти во 2026 година, пред да се намали на околу 3 проценти во 2027 година.

Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлацијата во земјава да се движи во рамки на вредностите кои се забележуваат кај другите европски земји, но напомена деке е важно да се види како таа ќе се движи на месечно ниво за основните прехранбени производи. Тој истакна дека според активностите што ги преземаат со Државниот пазарен инспекторат не очекува месечната инфлација за основните прехранбени продукти да биде поголема од еден процет во споредба со март.

  • Ги следам трендовите во Европа, гледам има голем раст на инфлацијата во април во еврозоната, очекувам тоа да се случи и кај нас од проста причина што во април минатата година се уште имавме велигденска кошничка. Следам кај нашиот источен сосед инфлацијата е над шест проценти, Хрватска е некаде меѓу 5,5 и шест проценти, кај јужниот сосед е околу 4,5 до пет проценти, така што очекувам во тие рамки да биде и кај нас, но важно е да се види како ќе се движи месечната инфлација за основните прехранбени производи споредено со март. Она што го правиме со ДПИ, не очекувам таа да биде поголема од еден процент, месечната во однос на март. Добро е работите побрзо да се стабилизираат, да заврши конфликтот во Иран, да се отвори Теснецот, за да можеме и во рамките на глобалните случувања да имаме поголема предвидливост, одговори Мицкоски на прашањето дали очекува раст на инфлацијата кај нас имајќи ги предвид движењата во еврозоната.

Според податоците на Европската централна банка, инфлацијата во еврозоната ќе се зголеми на 2,7 проценти во просек оваа година, но ќе се врати блиску до целта од два процента на ЕЦБ веќе следната година, според кварталното истражување на професионалните прогнозери на институцијата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2026 година, во однос на февруари 2026 година, изнесува 0.7 отсто.

Резултатите од анкетата на Народна банка, спроведена во март меѓу економските аналитичари, покажува дека инфлацијата во земјава се очекува да достигне просечно ниво од 3,6 проценти во 2026 година, пред да се намали на околу 3 проценти во 2027 година.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top