Енис Барди е херојот на Коњаспор, постигнувајќи го голот за триумф над Бешикташ од 1:0 на негов терен и за финале во фудбалскиот Куп на Турција.
Капитенот на македонската репрезентација го реализира пеналот во осмата минута од дополнувањето на времето и избори меч за трофејот на 22 мај во Анталија со подобриот од второто полуфинале меѓу Генчлербирлиги и Трабзонспор.
Барди постигна погодок и претходно, но му беше поништен поради офсајд.