Регион

Вучиќ: Посетата на Кина ќе биде најважната во мојата политичка кариера

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека неговата претстојна посета на Кина ќе биде најважната во неговата политичка кариера.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека неговата претстојна посета на Кина ќе биде најважната во неговата политичка кариера.

Тој најави дека кинескиот претседател Си Џинпинг во текот на следниот месец ќе ги прими тројцата лидери – американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и него.

„Посетата ќе трае пет до шест дена и ќе има карактер на државна и официјална посета“, рече Вучиќ, нагласувајќи дека соработката со Кина е од огромно значење за граѓаните на Србија.

Според него, во Пекинг ќе се разговара за роботиката, вештачката интелигенција, воено-техничката и економската соработка, инфраструктурата, но и за реформа на образовниот систем.

„Една од најважните работи е како ќе го промениме нашиот образовен систем. Нема да правам компромиси по ова прашање“, истакна Вучиќ.

Тој додаде дека Србија денес е многу посилна отколку што била пред 15 години и дека нејзините одбранбени капацитети се значително поголеми отколку во времето на НАТО-бомбардирањето во 1999 година.

„Денес сме многу посилни и затоа никој нема да не нападне, но мора да продолжиме да се зајакнуваме“, порача Вучиќ, додавајќи дека Србија стекнала дел од најмоќното оружје од Израел.

Говорејќи за Косово, тој рече дека прашањето е вратено на преговарачката маса и дека Србија останува посветена на мирот.

„Сега би имале со што да војуваме, но не сакам војна, бидејќи им ветив на граѓаните мир“, заклучи Вучиќ.

Најнови вести од: Регион

Бугарија: Евакуација на судови и институции, откако добиваат повеќекратни закани за наводно поставени бомби

Втор ден по ред јавните институции низ цела Бугарија добиваат известувања за закани со поставени бомби, а властите добија повеќекратни предупредувања за наводно поставени експлозивни направи, објави во вторникот бугарското Министерство за внатрешни работи.

Масовни судири и оклопни возила пред албанскиот парламент! Ситуацијата драматично ескалира, демонстрантите бараат оставка на Еди Рама!

Продолжуваат протестите пред албанскиот парламент, каде што граѓаните се собраа против албанскиот премиер Еди Рама и неговата влада, одговарајќи на повикот на организаторот за одржување протест паралелно со пленарната седница на собранието. Според албанските медиуми, се случува вистински хаос: оклопни возила пред парламентот, полицијата пука со водени топови и користи солзавец. Пријавени се десетици приведувања и повредени.

To top