Македонија

Ѓорѓиевски: Целта е Скопје да стане град на младите

Со поддршка од Владата на Република Македонија работиме на мерки и политики што ги поддржуваат младите, семејствата и сите генерации преку подобри јавни услуги, инвестиции во образование, социјална заштита, урбан развој и создавање поинклузивни и одржливи заедници.

Градот Скопје ја поздравува организацијата на регионалната конференција „Leading Change: People-Centred Paths to Demographic Resilience“, која отвора исклучително важни прашања за иднината на нашиот регион.
За нас, како главен град на Македонија, демографските предизвици не се само стратешко прашање, туку секојдневна реалност, објави на Фејсбук Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
 Во објавата, вели дека иселувањето на младите, стареењето на населението и потребата од подобри услови за живот бараат одговорни, храбри и конкретни политики.
„Токму затоа, локалната самоуправа има клучна улога.
Решенијата мора да започнат таму каде што граѓаните живеат, работат, создаваат семејства и ја градат својата иднина.
 Во Скопје, со поддршка од Владата на Република Македонија работиме на мерки и политики што ги поддржуваат младите, семејствата и сите генерации преку подобри јавни услуги, инвестиции во образование, социјална заштита, урбан развој и создавање поинклузивни и одржливи заедници.
Целта е Скопје да биде град во кој младите ќе сакаат да останат, семејствата ќе имаат услови да се развиваат, а секој граѓанин ќе има можност за достоинствен и квалитетен живот.
Верувам дека преку регионална соработка, размена на добри практики и силно партнерство со меѓународните организации, можеме да изградиме поотпорни општества подготвени да одговорат на предизвиците на времето.
 Скопје останува отворен партнер, активен чинител и град кој не чека промените да се случат, туку учествува во нивното создавање.
 Иднината се гради со луѓето, за луѓето и за генерациите што доаѓаат.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top