Македонија

Сиљановска-Давкова: Балансерот создаваше „султанска моќ“ и корупција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека укинувањето на балансерот било неопходно поради коруптивните ризици што ги создавал овој механизам.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека укинувањето на балансерот било неопходно поради коруптивните ризици што ги создавал овој механизам.

„Не мислам дека воопшто станува збор за уривање, бидејќи балансерот, таков каков што беше, суштински водеше кон корупција и криминализација. Назначувањето на највисоките позиции беше лоцирано во рацете на поединци и тие стекнуваа енормна, речиси султанска моќ. Не го укинавме балансерот затоа што така сакавме, туку затоа што тоа беше наведено во извештајот“, рече Сиљановска-Давкова по отворањето на „Генералка викенд“.

Таа додаде дека за прашањето за нерезидентното државјанство, решенијата мора да се носат преку аргументи и широка јавна дебата.

„Прашањето е комплексно. Има држави во кои постои двојно државјанство, има држави во кои не постои. Денес сите се соочуваме со егзодус и недостиг од работна сила и зборуваме за човечки суштества кои, исто така, имаат право на живот“, рече претседателката.

За односите со новата бугарска влада, Сиљановска-Давкова истакна дека очекувањата треба да се упатат до премиерот Румен Радев, посочувајќи дека бугарскиот народ очекува стабилност, реформи и борба против корупцијата.

Таа ја оцени средбата со потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, како пријателска, инспиративна и ветувачка кога е надвор од секојдневниот политички контекст.

Во врска со барањата на невладините организации за вето на Законот за минерални суровини, претседателката рече дека тие се „неверојатно важен елемент на општеството“ и заслужуваат „зелено столче“ во парламентот.

„Ниту еден закон не треба да се носи по скратена постапка, туку во редовна постапка, за да може гласот и аргументите на невладините да се чујат“, додаде таа.

Таа истакна дека државата мора истовремено да се подготвува за енергетските предизвици и да се грижи за заштитата на природата.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top