Македонија

На 8 Мај СДСМ ги слави победата над фашизмот и денот на Европа кои се на 9 Мај

Дали е Бихаќка во друга временска зона, имаат стар календар, утре не им се работи или се еден ден пред времето

Денес, по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, делегација на Комисијата за култура на СДСМ предводена од претседателот Мирче Најдоски, положи свежо цвеќе на споменикот на скопскиот партизански одред, објави СДСМ.

Во објавата на својот фејсбук профил каде не се дозволени коментари СДСМ пишува дека 9 Мај се слави денес но не се открива дали е утнат денот или има друга причина за прослава еден ден порано.

,,Со длабока почит им оддадовме чест на борците кои со својата жртва ја донесоа слободата и ги вградија темелите на антифашистичка, демократска и европска Македонија.

9 Мај е потсетник дека слободата, мирот и солидарноста не се дадени, туку се вредности што мора постојано да ги чуваме и да ги негуваме. Нашата обврска е да го продолжиме патот на антифашизмот достоинството и европските вредности за идните генерации.

Нека им е вечна слава на жртвите на Народноослободителната борба и нека е честит 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа”, објави СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет

Во дворот на претседателскиот Кабинет, во присуство на основци од скопските училишта „Владо Тасевски“, „Димитар Миладинов“, „Исмаил Ќемаљи“ како и од „Блаже Конески“ од Прилеп, денеска се одржа церемонија на менување на државното знаме

Полицијата на пролетен марш: Градиме подготвена, сплотена и уште поблиска полиција до граѓаните, порачува Тошковски

Заедно со директорот на БЈБ, раководството на СВР Велес и колегите од секторот, бев дел од пролетниот марш на подрачјето на Неготино, од месноста Острово до Манастирот „Свети Ѓоргија“, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Овие активности ја јакнат сплотеноста, довербата и тимскиот дух во полицијата. Силна полиција се гради со професионалност, физичка подготвеност, […]

Генералка викенд во Штип, Пробиштип, Свети Николе и Карбинци

Успешно заврши првиот ден од еколошката акција „Генералка викенд“ во Штип. Вработените во штипските јавни претпријатија, општината, учениците и вработените во Универзитетот „ Гоце Делчев“ –Штип денеска се вклучија во најголемата еколошка акција, чистејќи ги дворовите и околината околу објектите. Во Штип „Генералка викенд“ ќе продолжи и утре, најави секретарот на општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова

(Фото+Видео): Македонија не се спасува со метли за викенд, секој ден треба да е генералка

Македонија се соочува со сериозен и долготраен проблем со отпадот, со над 2.000 диви депонии низ државата и со десетици во околината на Скопје. Стручната јавност и институциите сè почесто предупредуваат дека е недоволен постојниот систем и дека е неопходно воспоставување регионални депонии и современо управување со отпадот. Токму во време на националната акција „Генералка викенд“, која почна денеска во Македонија, повторно се отвора дебатата за итни системски решенија.

Љутков: Работата во националните установи воопшто не е добра, реконструираме повеќе театри

Најзагрижувачка е ситуацијата во Народниот театар во Прилеп:  таму веќе работиме на идејното решение. Таму веќе има проект за реконструкција на Центарот за култура со доградба за театар. Но ако почнеме да го правиме тоа, а театарот е затворен, тогаш вработените ќе ги оставиме на улица. Затоа се решивме, заедно со вработените, целосно да го реконструираме стариот театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп, кога ќе го завршиме да продолжиме со реконструкција на Центарот за култура. Тоа е најпрактично решение, изјави министерот за култура Зоран Љутков.

Мицкоски: Заканите од Османи се дел од фолклорот, што ќе следи! – Законот за правична застапеност е одобрен од Венециската комисија и ќе се усвои наскоро!

Заканите на Бујар Османи ги разоткриваат вистинските намери, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски на барањето да даде коментар за изјавата на Османи дека не треба да се дозволи да помине законот за правична застапеност во Собранието, дури и со употреба на физичка сила.

Најнови вести

To top