Македонија

Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на буџетот

Во време на сериозна глобална неизвесност, предизвикана од геополитичките случувања и војната на Блискиот Исток, сите економии – вклучително и македонската – се соочуваат со предизвици поврзани со енергетските текови, инфлацијата и забавувањето на глобалниот економски раст

Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на буџетот. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најавува дека ребалансот ќе биде изготвен во согласност со среднорочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата – стабилни јавни финансии, фискална консолидација, инфраструктурен развој, енергетска транзиција и подобар животен стандард за граѓаните.

– Во време на сериозна глобална неизвесност, предизвикана од геополитичките случувања и војната на Блискиот Исток, сите економии – вклучително и македонската – се соочуваат со предизвици поврзани со енергетските текови, инфлацијата и забавувањето на глобалниот економски раст. Затоа остануваме посветени на одговорно и дисциплинирано управување со јавните финансии, со јасен фокус на зачувување на макроекономската стабилност, поддршка на економскиот раст и реализација на капитални инвестиции – вели Димитриеска-Кочоска во објава на „Фејсбук“.

Министерката нагласува дека ќе се продолжи со внимателно планирање и одговорни политики, кои ќе обезбедат стабилност, отпорност и одржлив развој на македонската економија.

– Наш фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните преку внимателно креирани мерки, стабилни јавни финансии и политики што ќе обезбедат поддршка за економијата во услови на глобална неизвесност – вели министерката за финансии.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Вистинските патриоти се борат и победуваат, рече премиерот од Вашингтон и порача дека нема план за повлекување од разговорите со Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски најави можност за пренамена на капацитетите на термоелектраните во Битола, од јаглен на гас, во рамки на плановите за развој на гасната инфраструктура.

Спасовски да ги изнесе обвинувањата против мене надвор од Собранието и да приложи докази, рече Митева по низата обвинувања

Пратеничката Марија Митева реагира на изјавите на Оливер Спасовски од собраниската говорница, обвинувајќи го дека нејзиното име го поврзува со политички конструкции со цел да ја дискредитира.

ОМО Илинден – Пирин до Јотова: Не ни недостигаат никакви документи за регистрација, бугарските судови постојано измислуваат нови барања!

Сопретседателот на Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден – Пирин Стојко Стојков ги отфрла тврдењата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова дека при обидите за регистрација на здружението недостигаат документи. Тој тврди дека организацијата ги исполнува барањата, но судовите секогаш наоѓаат нови забелешки.

„Ценовното лудило“ со станбениот квадрат продолжува, но и побарувачката на станови, особено во Скопје и Охрид

Цените на недвижностите во Македонија вртоглаво растат, особено во Скопје и Охрид, ама не стивнува ниту интересот за купување станови. Високите цени на недвижнините во Македонија, особено во Скопје и во Охрид се одредени од повеќе чинители: скапи парцели за градба, ограничена понуда на атрактивни локации, инвестициско купување уште на почетокот на градбата, оптек на многу кеш, односно „црни пари“…

To top