Македонија

За пензионерите два пати по 1.000 денари покачување на пензиите

Ќе има 2.000 денари линеарно зголемување за сите пензионери во рамките на следните шест месеци

Зголемување на пензиите од 1.000 денари наесен и исто толку наредната пролет, најави премиерот Христијан Мицкоски прашан дали ќе има предизборно покачување на пензиите и додаде дека одлуката ќе биде набргу донесена.

Премиерот рече дека се прават анализи за корегирање нагоре на пензиите.

„Правиме анализа линеарно да се зголемат пензиите по 1.000 денари сега, на есен, во октомври кога ќе ја земат пензијата, и во април, практично за март, 2.000 да има линеарно зголемување за сите пензионери во рамките на следните шест месеци.

Сериозно сме во таа анализа и многу скоро од денеска, бидејќи тоа мора да се случи пред распишување на изборите, дали преку закон со скратена постапка или преку група пратеници, ќе го поднесеме“, изјави Мицкоски во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

Како што рече, тоа е барање на пензионерите кои на сите средби што ги имал со нив сакаат линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите.

„Многу сме блиску до носење на таква одлука. Сериозно сме ангажирани во таа анализа, правиме проценка колкаво би било зголемувањето, колкав би бил волуменот на парична маса да го поделиме со бројот на пензионери“, додаде премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Стојаноски: Патот кон не смее да зависи од нови билатерални условувања

Ставот на државата останува непроменет дека нема да се прифатат нови отстапки без цврсти и писмени гаранции од Европскиот совет дека тоа ќе биде последното барање во евроинтегративниот процес

Алиу: Дигиталното здравство не е цел за себе, туку инструмент за подобра грижа

Следните чекори што ги презема Министерството за здравство се дигитализирани патеки за лекување, приоритетно упатување и тријажа, развој на мултидисциплинарни тимови што ја поврзуваат примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита, како и пилот-проектот за теледерматологија, кој има за цел да ги доближи специјалистичките услуги до пациентите во руралните и оддалечените области

To top