Македонија

Полицијата го бара газдата на заловениот волк, може да се соочи со казна

Законот за заштита на природата јасно наведува дека чувањето и размножувањето на диви животински видови во несоодветни услови и без соодветни одобренија е забрането

 

Полицијата ја бара локацијата и лицето кое го чувало волкот заловен пред неколку дена во скопската населбата Козле.

Министерството за внатрешни работи вели дека полицијата презема мерки за утврдување на локацијата и идентитетот на лицето кое го чувало животното во заробеништво.

Според прописите, чувањето диви животни без соодветна дозвола може да резултира со сериозни казни, кои во одредени случаи можат да достигнат и до 20.000 евра.

Законот за заштита на природата јасно наведува дека чувањето и размножувањето на диви животински видови во несоодветни услови и без соодветни одобренија е забрането.

Скопската зоолошка градина информираше дека станува збор за млад волк, кој е неухранет и тежи само 25 килограми.

Заловениот волк ќе биде 30 дена во карантин

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top