Свет

Една недела по Трамп, и Путин во посета на Пекинг

На 19 и 20 мај рускиот претседател официјално ќе ја посети Кина на покана на кинескиот колега Си Џинпинг

Рускиот претседател Владимир Путин ќе престојува во официјална посета на Кина на 19 и 20 мај, објави Кремљ.

Патувањето е темпирано да се совпадне со 25-годишнината од потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка.

Посетата е на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг, кои ќе разговараат за актуелните прашања во билатералните односи и начините за понатамошно продлабочување на нивното сеопфатно партнерство и стратешка интеракција.

Американскиот претседател Доналд Трамп престојуваше во официјална посета на Кина од 12 до 15 мај.

Најнови вести од: Свет

To top