Бизнис

Македонија, Грција, Србија и Бугарија се договорија за проширување на Вертикалниот коридор

Според грчкото Министерство за животна средина и енергетика, на состанокот се разговарало за предизвиците поврзани со европската и регионалната енергетска безбедност, зајакнувањето на меѓусебните поврзувања и енергетската соработка во регионот, како и за потребата од забрзување на стратешките енергетски инфраструктурни проекти.

На четвртиот министерски состанок за енергетика и поврзување во Југоисточна Европа, кој се одржа во Атина, министрите и претставниците задолжени за енергетика од Грција, Србија, Македонија и Бугарија се согласија за проширување на Вертикалниот коридор кон Западен Балкан.

Според грчкото Министерство за животна средина и енергетика, на состанокот се разговарало за предизвиците поврзани со европската и регионалната енергетска безбедност, зајакнувањето на меѓусебните поврзувања и енергетската соработка во регионот, како и за потребата од забрзување на стратешките енергетски инфраструктурни проекти.

  • „Се договоривме за проширување на Вертикалниот коридор со Северна Македонија и Србија, како и за институционализирање на соработката меѓу четирите земји“, изјави грчкиот министер за енергетика Ставрос Папаставру.

Тој додаде дека следниот состанок ќе се одржи во Белград во септември.

  • „Со заедничка визија и јасен план, енергијата станува сила за поврзување и просперитет во регионот“, порача Папаставру.

Најнови вести од: Бизнис

Хуманоста како традиција: „АЛКАЛОИД“ со нова донација за здравјето на најмладите

Од првиот Хуманитарен пикник до денес собрани се близу 14 милиони денари наменети за поддршка на здравствени установи, хуманитарни и граѓански организации, деца, лица со ретки болести, ранливи категории и лица од третото доба, како и за иницијативи за заштита на животната средина

Мицковски: Со завршувањето на проектот за антимон ќе ја зголемиме важноста на Македонија и економскиот стандард

Тој се повикува и на првичните извештаи за резервите, според кои, како што наведува, тие би можеле да бидат значително поголеми од збирните резерви на двете водечки земји во светот во производството на антимон

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските транспортери

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските превозници. Од 23 септември оваа земја треба да почне да прима барања за долгорочни визи. Ова го најави Билјана Муратовска од Макам-транс. Во другите земји сè уште важи старото правило, возачите можат да бидат во Шенген најмногу 90 дена во период од 180 дена.

To top