Македонија

ВРЕДИ: Цели 22 години ДУИ не направи ништо за студентите Албанци

Проблемот со правосудниот испит на албански не падна од небо, овој проблем има политичко име и презиме, ДУИ

ВРЕДИ од самиот почеток го поддржуваше и продолжува да го поддржува барањето правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Ова е право за кое воопшто не требаше да се дискутира, а уште помалку да се чека толку многу години.

Денеска пак протест на студентите Албанци

„Работите треба да се кажат онакви какви што се. Овој проблем не падна од небо. Овој проблем има политичко име и презиме, ДУИ. Цели 22 години имаа сè во свои раце, власт, министри, кабинети, односно апсолутна моќ. Но, за правосудниот испит на албански јазик, како и за многу други прашања, не направија ништо.

Ние докажавме дека кога има волја, проблемите се решаваат. Го решивме прашањето со лиценцирањето на лекарите и воспитувачките, а донесовме и закон за медресантите, кои ДУИ со години ги имаше оставено настрана. Со истата сериозност постапуваме и по ова прашање.

Го почитуваме протестот. Но, силно сме против обидите на ДУИ да го инструментализира и да го користи како покритие за сопственото 22-годишно фијаско, соопштија од ВРЕДИ..

 

Најнови вести од: Македонија

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

Шестотини тони мазут недостигаат од државните резерви

Државниот завод за ревизија утврди сериозни пропусти во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, меѓу кои и тоа што Министерството за одбрана повеќе од осум години не го вратило заемот од 600 тони мазут, со што се намалени државните резерви на овој стратегиски енергент.

Најнови вести

To top