Министерството за финансии на САД по трет пат одобри продажба на руска нафта блокирана на море од санкциите поради војната во Украина.
Привремената дозвола,,трета по ред, повторно е за рок од 30 дена
Оправдувањето повторно се ранливите земји кои ја побарале, бидејќи блокадата на Ормутскиот теснец поради војната на САД и Израел против Иран продолжува.
„Ова продолжување ќе обезбеди дополнителна флексибилност и ние ќе соработуваме со овие земји за да обезбедиме специфични лиценци по потреба. Оваа општа лиценца ќе помогне во стабилизирањето на пазарот на сурова нафта и ќе обезбеди нафтата да стигне до енергетски најранливите земји. Исто така, ќе помогне во пренасочувањето на постојните резерви кон земјите на кои им е најпотребна, намалувајќи ја способноста на Кина да складира нафта со попуст“, напиша министерот за финансии Скот Бесант на Твитер.
Европските земји се спротивставија на ослободувањето од санкциите бидејќи ваквите мерки го ослабуваат притисокот врз Русија, која ја финансира својата војна во Украина со приходи од нафта.
Според Службата за надворешно разузнавање на Украина, рафинирањето на нафта во Русија падна за најмалку 10% за само неколку месеци оваа година поради украинските напади со беспилотни летала, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм.
Ројтерс процени дека како резултат на украинските напади од јануари до мај, рафинирањето на нафта во 16 рафинерии се намалило за околу 700.000 барели дневно во споредба со минатата година. Во април, Меѓународната агенција за енергија соопшти дека капацитетот за рафинирање на нафта на Русија се намалил за 460.000 барели дневно во споредба со 2025 година.