Регион

Другарот на Заев, Ципрас се враќа во политиката со нова партија

Грчките медиуми пишуваат дека Ципрас во изминатите денови објавил видео-пораки од свои поддржувачи на социјалните мрежи, кои го повикуваат да се врати во активна политика, со пораки дека „во март било рано“, а „во септември ќе биде доцна“.

Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, денеска објави дека официјално ќе ја претстави својата нова политичка партија на 26 мај, пишува грчкиот весник „Прото Тема“.

Во видеото објавено на платформата Х, две момчиња се појавуваат на фудбалскиот терен со дресови на кои се истакнати броевите „26“ и „5“, симболично најавувајќи го датумот на лансирањето на новата партија.

„Ниту прерано, ниту прекасно. Сега е време“, порача Ципрас.

Грчките медиуми пишуваат дека Ципрас во изминатите денови објавил видео-пораки од свои поддржувачи на социјалните мрежи, кои го повикуваат да се врати во активна политика, со пораки дека „во март било рано“, а „во септември ќе биде доцна“.

Новото политичко позиционирање на Ципрас дополнително ги комплицира односите во опозицијата, особено во редовите на ПАСОК и СИРИЗА. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека во некои мерења Ципрас ужива поголема поддршка од актуелниот лидер на ПАСОК, Никос Андрулакис, а некои истражувања сугерираат дека неговата нова партија би можела да го престигне ПАСОК.

Посебно внимание привлекува и политичкото активирање на Марија Каристиану, поранешната претседателка на Здружението на семејствата на жртвите од железничката несреќа во Темпе, која оваа недела во Солун ќе ја претстави основачката декларација на својата партија. Според истражувањата, таа привлекува гласачи од различни политички страни и помладата популација.

Најнови вести од: Регион

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“, барани со меѓународни потерница за убиства и други сторени кривични дела

Во заедничка акција на Македонската полиција, Американската ДСС и безбедносните органи на Албанија, во Драч уапсени се двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“.

Тајани: Силата на Европа зависи од влезот на Западниот Балкан во ЕУ, затоа Италија ја претставува неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“

Политичката сила на нашиот континент во наредните децении ќе зависи од влезот на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, порачува италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија Антонио Тајани, во својата најнова колумна. Според него, многу кратковидо и погубно е да се одложува пристапувањето на земјите од Западниот Балкан кон ЕУ Затоа Италија ја промовира неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, која ги обединува земјите-членки кои се најрешителни да го задржат европското внимание кон овој регион на високо ниво, истакнува Тајани.

Во Љубљана протест за излегување на Словенија од НАТО

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Израелхел“ (Israhell), кованица од англиските зборови Израел и пекол, „НАТО = мочуриште“ и „Повеќе не сакаме да сме робови на НАТО“ и апели за воведување санкции за САД и за Израел

To top