Демократсскиот сојуз на Македонија остро ги осудува вчерашните протести и обидите за политичка злоупотреба на прашањето за употребата на албанскиот јазик во судскиот систем.
„Особено загрижувачки е фактот што на протестите беа присутни и граѓани од соседните земји, Косово и Албанија, што претставува неприфатлив обид за вршење надворешно влијание врз внатрешно-политичките и институционалните работи на Република Македонија“, соопштија од ДС.
Оттаму оценуваат дека јасно е дека зад тквите активности стои политичка агенда на ДУИ, која, откако ја изгуби власта, се обидува да ја дестабилизира државата и да обезбеди политички поени преку националистичка реторика, етнички тензии и вештачки кризи“, се додава во соопштението.
Од Демократскиот сојуз велат дека дека правото на употреба на албанскиот јазик мора да биде гарантирано и почитувано во согласност со Уставот, Охридскиот рамковен договор и законите, но во исто време, мора да се зачува единствениот, функционален и ефикасен судски систем што функционира на македонски јазик како службен јазик на државата.
Неприфатливо е судството да стане поле за политички и етнички конфронтации или за создавање паралелни системи што би ја нарушиле правната сигурност и единството на институциите. Ја повикуваме Владата да не подлегнува на притисоци, уцени и радикални барања, туку да најде европско и одржливо решение преку дијалог и експертска дебата, велат од ДС.