Македонија

Дали претседателката на албанскиот парламент Спиропали се меша во внатрешните работи на суверена Македонија, велејќи „Албанците не се толерирано малцинство, туку еден од нејзините државотворни столбови“?!

„Претседателката на албанскиот парламент, Елиса Спиропали, реагираше по протестот на албанските студенти во С.Македонија, оценувајќи дека самиот факт што младите се принудени да протестираат за правото на употреба на албанскиот јазик докажува дека проблемот не е процедурален, туку политички, институционален и морален. Во својата реакција, Спиропали нагласува дека студентскиот протест ги истакна нерешените прашања кои, според неа, не се појавуваат само во парламентарните дебати или политичките изјави, туку и на улиците, преку гласовите на младите кои бараат почитување на основните права.“ – ова го објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА. Оваа агенција го пренесува, покрај другото и ставот на Спиропали, која наведува: „Албанците во С Македонија не бараат привилегии. Тие бараат она што требаше да се реши пред многу години и за кое во овој век повеќе не треба да се дискутира. Албанците како политичка етничка група, албанскиот јазик и колективните права мора да бидат јасно, цврсто и недвосмислено дефинирани во Уставот на државата, бидејќи Албанците не се толерирано малцинство, туку еден од државотворните столбови на самата С.Македонија.“ Со ова се отвора сериозна дилема: дали претседателката на албанскиот парламент се меша свесно во внатрешните работи на суверена Република Македонија, обидувајќи се да ѝ дели „лекции“ за уставно (пре) уредување на македонската држава?!

Натаму агенцијата ја пренесува целосната објава на  Елиса Спиропали:  „Во С.Македонија, албанските студенти протестираа за албанскиот јазик. Само овој факт е доволно сериозен за да се разбере дека проблемот не е процедурален, туку длабоко политички, институционален и морален. Вчерашниот протест покажа дека понекогаш државата открива нерешени прашања не во салите на парламентот или во политичките изјави, туку на улиците. Ги открива во лицата на студентите. На начинот на кој еден млад човек е принуден да протестира за нешто што во Европа требаше да се реши одамна. Проблемот не е само испит по албански јазик. Проблемот е многу подлабок. Станува збор за фактот дека еднаквоста на Албанците сè уште се третира како политички компромис, а не како уставна основа на државата. Јазикот не е административен превод. Тоа е достоинство, меморија и идентитет. Тоа е начинот на кој еден народ ја преживува историјата, времето и секој обид за бледнеење или асимилација.“

„И кога студентите се принудени да излезат на улица за да бараат право да учат, да бидат тестирани и да живеат на свој јазик, тогаш проблемот не е во студентите. Проблемот е во политиката која сè уште не ја прифатила целосно еднаквоста како фундаментална вредност на државата. Албанците во С Македонија не бараат привилегии. Тие бараат она што требаше да се реши пред многу години и за кое во овој век повеќе не треба да се дискутира. Албанците како политичка етничка група, албанскиот јазик и колективните права мора да бидат јасно, цврсто и недвосмислено дефинирани во Уставот на државата, бидејќи Албанците не се толерирано малцинство, туку еден од државотворните столбови на самата С.Македонија. Овие прашања не можат да се држат во неизвесност преку политички толкувања или закони што се менуваат според климата на моќта. Тие мора да бидат уставни и демократски стандарди, во согласност со духот на Охридскиот договор и со самите европски стандарди, кои толку често се повторуваат.“

„Во овој момент е потребна повеќе мудрост, повеќе дијалог и повеќе визија. Потребна е доверба дека еднаквоста не ја ослабува државата, туку ја зајакнува. Дека почитувањето на јазикот, достоинството и идентитетот на Албанците не е закана за никого, туку гаранција за подемократска, постабилна и поевропска С. Македонија. Затоа што на крајот на краиштата, албанскиот јазик е дел од нашата душа. И никој не може да бара од еден народ да молчи на својот јазик.“ – изнесува претседателката на албанскиот парламент Елиса Спиропали во својата објава, која ја пренесува Илирија-ИНА од Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

Најнови вести

To top