Македонија

За Ташев од БАН, терминот „северномакедонски“ не бил навреда

За редовниот критичар на Македонија, реакциите за „северничењето“ било изградба на македонски идентитет на антибугарска основа

Спас Ташев од Бугарската академија на науките (БАН) не гледал навреда за Македонците од изразот „северномакедонски“, кој го употреби и министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, за партнерите од Македонија по неодамнешното едноминутно видување со македонскиот колега Тимчо Муцунски во Брисел што го нарече средба.

„Властите во Скопјe започнаа уште една голема кампања против Бугарија, тврдејќи дека со употребата на терминот ‘северномакедонски’ се негира македонскиот идентитет. Како одговор на овие најнови клевети, треба да се истакне дека терминот ‘northmacedonian/северномакедонски’ не е ниту бугарски изум ниту ‘навреда’. Тој веќе се користи во документите на Европскиот парламент и во институционалниот јазик на ЕУ“, вели Ташев цитиран од бугарскиот весник „Труд“.

„Ова не го негира ничиј етнички идентитет. Ние го прифаќаме правото на етничките Македонци кои се чувствуваат како Македонци. Но, министрите и институциите на државата Северна Македонија се северномакедонски во државно-политичка смисла. Ова е нормална географска и административна спецификација, која постои насекаде во меѓународната пракса.

Сега прашајте се зошто северномакедонските власти не спроведоа кампања против европските институции, туку истураат секакви клевети против Бугарија, и ќе ги разберете двојните стандарди на Скопје. Ова е уште еден пример за државно целесообразно градење македонски идентитет на антибугарска основа. Таквата практика е доволна причина дипломатскиот претставник на Северна Македонија во Софија да биде повикан во Министерството за надворешни работи и да му биде врачен протест“, побара тој.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top