Спорт

Астон Вила освојувач на Лига Европа по 44 години од европската титула

Англискиот фудбалски премиерлигаш славеше со 3:0 над германскиот бундеслигаш Фрајбург во финалето во Истанбул

Со уверливиот триумф над Фрајбург од 3:0 во финалето на стадионот „Бешикташ Парк“ во Истанбул, фудбалерите на Астон Вила ја освоија Лига Европа и потсетија на славните денови од 1982 година, кога триумфираа во тогашниот Куп на европските шампиони со победата над Баерн Минхен од 1:0 во мечот за пехарот.

Англичаните го скршија отпорот на германскиот бундеслигаш во завршницата од првото полувреме, кога Јури Тилеманс го отвори резултатот во 41. минута, а зголеми Емилијано Буендија во третата минута од судиското продолженија.

Триумфот го заокружи Морган Роџерс во 58. минута.

Ова е четврти трофеј за Астон Вила во европските купови, вклучувајќи ги и тие од Суперкупот на Европа во 1982 година и некогашниот Интертото куп во 2001 година.

 

 

Најнови вести од: Спорт

To top