Со заедничка иницијатива насочена кон зајакнување на правната сигурност на граѓаните и деловните субјекти, Комората на друштва за геодетски работи и Стопанска комора на Македонија започнуваат општествено-економска кампања чија цел е да се подигне јавната свест за значењето на уредувањето и заштитата на сопственичките права врз недвижен имот.

Граѓаните да отворат „четири очи“ при купување на недвижности, особено станови кои се во градба, за да не се доведат во ситуација да останат и без стан и без пари, апелираат надлежните. Комората на друштва за геодетски работи започнува кампања чија цел е да се подигне јавната свест за заштитата на сопственичките права врз недвижен имот. Велат дека често се случува, во реалност станот да има 100 квадрати, а на имотен лист едвај 80.

Со новата иницијатива се очекува да се поттикне поголема правна уреденост на имотите и да се зголеми свесноста кај јавноста од навремена проверка на сопственичките права, како темел на сигурно располагање со недвижен имот. Главниот фокус е со имотот да се управува одговорно, особено во процесите на купопродажба, отуѓување и располагање со него.

Инаку, цената на станбениот квадрат во Македонија бележи раст, но и стагнација. Како последно, според Народна банка, само во првиот квартал од годинава, цената на становите во Скопје порасна за 16,7%. Станува збор за забавување на годишниот раст на цената на недвижностите, ако се земе предвид дека во последниот квартал од 2025-та, тој изнесуваше 25%.
Во документот е наведено дека највисока постигната просечна цена од 1.692 евра по квадрат имале продадените стари станови во скопски Центар. Потоа следуваат Карпош (1.558 евра) Аеродром (1.419 евра), Кисела Вода(1.334) и Охрид (1.241 евро). Кога станува збор за купорподажба на станови од инвеститор, просечната постигната цена лани изнесувала 1.681 евро по квадрат во Центар, 1.311 евра во Карпош, 1.309 евра во Аеродром, 1.268 евра во Кисела Вода и 795 евра во Охрид.