Македонија

Невреме денеска низ Македонија: Порои, грмежи и силен ветер

На повеќе места дождот ќе биде пообилен и интензивен, проследен со силни грмежи и услови за појава на град.

За денеска се најавува променливо облачно и нестабилно време на поголемиот дел од територијата, со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер кој на места ќе достигнува брзина над 50 километри на час.

На повеќе места дождот ќе биде пообилен и интензивен, проследен со силни грмежи и услови за појава на град.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 16 степени, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени Целзиусови.

Во Скопје денеска исто така ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Во делови од скопската котлина постојат услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силни грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 14 степени, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Од утре се очекува стабилизација на времето – претежно сончево и потопло, со температури кои ќе се движат меѓу 25 и 30 степени.

Најнови вести од: Македонија

Денеска се очекува да протече исправна вода низ гостиварскиот водовод

Последните анализи покажуваат добри резултати по спроведеното хиперхлорирање на водоводната мрежа, а надлежните институции денеска треба да ја потврдат исправноста на водата за техничка употреба, изјави вчера премиерот Мицкоски

To top