Македонија

Казнет инвеститорот што предизвика свлечиште среде Скопје

По увидот, експресно казџнет за санкциониран поради непочитување на законските обврски и предизвикување штета врз јавната инфраструктура

Општина Центар соопшти дека инспекциските служби, заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, извршиле увид на градилиштето кај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде денеска настана свлечиште на земја при градежни работи.

Според информациите од Општината, при увидот било утврдено оштетување на коловозот, тротоарот, канализациската мрежа и уличното осветлување, а инвеститорот веднаш бил санкциониран поради непочитување на законските обврски и предизвикување штета врз јавната инфраструктура.

„Поставени се сигурносни појаси и предупредувачки ленти со цел заштита на граѓаните и безбедно движење во непосредна близина на оштетениот простор. Општина Центар нема да толерира несовесно и неодговорно постапување од страна на инвеститори, особено кога се загрозува безбедноста на граѓаните и се оштетува јавниот простор“, соопштија од Општината.

Инвеститорот е задолжен веднаш да го обезбеди просторот, да преземе мерки за санација и да гарантира безбедност за граѓаните.

Свлечиште на градилиште во центарот на Скопје, пропадна дел од улицата(ФОТО)

Најнови вести од: Македонија

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

To top