Македонија

Свлечиште на градилиште во центарот на Скопје, пропадна дел од улицата(ФОТО)

Ова е втор ваков сериозен инцидент во Скопје во краток период. Пред неполн месец, во Кисела Вода, при слично пропаѓање на земјиште загина еден работник, а двајца беа тешко повредени.

Голема дупка се отвори на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, откако дел од земјиштето се срушил при ископни работи на градилиште.

Според очевидци, инцидентот се случил додека багер работел во внатрешноста на ископот. Како последица, пропаднал дел од тротоарот и коловозот покрај градилиштето. На местото се гледа огромна дупка, висечки кабли и оштетена инфраструктура.

Жителите од околните згради реагираа остро, велејќи дека уште од почетокот на градежните работи предупредувале за небезбедниот начин на ископ и недостатокот од соодветна заштита на околното земјиште и инфраструктура.

Ова е втор ваков сериозен инцидент во Скопје во краток период. Пред неполн месец, во Кисела Вода, при слично пропаѓање на земјиште загина еден работник, а двајца беа тешко повредени.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top