Екс-претседателот и актуерлен премиер, Румен Радев, и Прогресивна Бугарија нема да ја поддржат Илијана Јотова на претседателските избори.
Според гласините во кулоарите тие ќе номинираат свој кандидат, пишуваат бугарски медиуми.
Според извори на News.bg, Прогресивна Бугарија ќе игра со свој кандидат. Се споменува името на Даниел Валчев – декан на Правниот факултет на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“. Тој веќе објави дека е подготвен да се врати во политиката, откако во минатото сподели дека се чувствува добро на универзитетот.
Според некои аналитичари, овој потег на Радев ќе ги подели гласовите помеѓу кандидатот на „Прогресивна Бугарија“, „Вазраждане“ и Јотова, а победникот не е јасен.
Дополнително, се отвораат можности екс-премиерот,Андреј Ѓуров – најверојатниот кандидат на ПП-ДБ, да стигне до втор круг, па дури и да победи на гласањето.
Ова нема да им се допадне и ќе предизвцика отпор кај русофилските и левичарските гласачи на кои им се допаѓа тандемот Радев-Јотова.
Јотова во моментов се смета за фаворит, но без гласовите на „Прогресивна Бугарија“, вториот круг не ѝ е загарантиран.
Бугарија нема да попушти во однос на Македонија, порача Јотова од Минхен