Македонија

Мицкоски за спорот со Бугарија: Стратегиска цел ни е ЕУ, но нема повеќе идентитетски отстапки, колкава и да е цената!

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ, кој е во посета на Македонија, истакна дека нашата стратегиска цел е да бидеме дел од Европската Унија. „Но, нема повеќе можности за идентитетски отстапки, за чекор назад кога станува збор за нашите национални одредници, колкава и да е за тоа цена. Ако тоа е цената што треба да ја платиме, и покрај тоа што сме вистинскиот предводник, пред другите, додека е оваа Влада, таа е подготвена да ја плати таа цена. Ако навистина билатералните процеси треба да му судат на нашиот европски пат, тогаш ќе се бориме на друг начин.“ – нагласи Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски посочи дека Македонија патот кон Европската Унија го започна пред 26 години со потпишување на договорот за стабилизација и асоцијација.

-Заедно со Република Хрватска го добивме статусот кандидати, дури ние мислам и некој месец порано. Заедно со Хрватска од страна на ЕК во 2009 година го добивме првиот позитивен извештај за да почнеме преговори. Нашиот пат отиде во друга насока, односно нашето интегрирање во ЕУ се претвори во билатерализација на тој процес. Позначајни беа билатералните прашања, отколку Копенхагенските критериуми. Тоа создаде многу фрустрации кај нас како македонски граѓани, бидејќи цениме дека многу одамна го заслуживме нашето место во рамките на тоа семејство, изјави македонскиот премиер.

Тој додаде дека уште едно такво барање е пред нас, а за жал тоа го прифатила претходната влада мислејќи, смета премерот, дека ако добијат бел лист хартија и го потпишат истото, ќе останат на власт.

-Нашата стратегија како Влада е поинаква. Ние ќе се фокусираме на испораката дома и на реформите кои се дел од планот за раст и реформската агенда и тука во јануарскиот извештај од страна на ЕК ние сме предводници, пред другите. Најголемиот дел од парите, кои ЕУ ги дава на земјите дел од Западниот Балкан, ќе бидат исплатени кон нашиот буџет. Оваа динамика очекуваме да продолжи и со следниот извештај. Нашата стратегија е да продолжиме со реформите дома, тие ни требаат нас, како држава. Подготвени сме да го поднесеме акцискиот план за малцинство. И тој го работвме заедно во Брисел и со екипите од Брисел, тој е завршен. Ние остваруваме, не зборуваме само празни зборови. Вистински сакаме да бидеме дел од таа заедница, каде одамна припаѓаме. Се додека билатералните спорови, во овој случај од една земја членка кон нас, се наша пречка, ова што одамна го заслуживме ќе се оддалечува. Не губиме надеж и енергија, силно работиме и очекуваме дека ќе ја добиеме таа шанса, нагласи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Заменик-министерката Трајков добитничка на признанието „Лидер во дигитална трансформација“

Викторија Трајков, заменик министерка за европски прашања е добитник на престижното признание „Digital Transformation Leader“ во рамки на првото национално издание на Women Tech Macedonia Awards 2026.

Теодосиевски: Шарлатанот и лидер на сектата бара од премиерот споделено „Бугари во Устав“?! И други да им ги бришат валканиците – ма немој?!

„Лидеро’ на сектана од собраниска говорница бара од премиерот и власта заедно со него да ги направат уставните измени и при тоа да ја споделат одговорноста за тој чин велејќи: ‘Сакам да знае дека ја споделуваме одговорноста за било што, што понатаму ќе се случува во текот на преговорите.’ Што повторно ќе рече дека најцрно подметнуваат божем сите го пишувавме смешнион Договор за пријателство и добрососедство со Бугарија, а особено сите учествувавме во составувањето на шизоиднион Протокол бр. 2 и ставивме заеднички потпис врз него! Ма немој, повторно – сите, нели? ‘Сите’ да им ги бришат кашканиците!“ – пишува Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Нѐ убива ‘демократскиот соцреализам“.

Пленковиќ: Спорот со Бугарија е главна пречка во евроинтегрирањето на Македонија! Хрватска ќе помогне да се надмине!

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ оцени дека Македонија бележи напредок во исполнувањето на критериумите за членство во Европската Унија, но нагласи дека спорот со Бугарија и натаму останува главна пречка во евроинтегративниот процес. На заедничката прес-конференција во Охрид со премиерот Христијан Мицкоски Пленковиќ изјави дека по изборите во Бугарија се очекуваат првите конкретни чекори и контакти меѓу Скопје и Софија. 

Јаневски: Време е за пресврт, да се расчисти со предавниците, што ѝ забија нож в грб на Македонија, кои ѝ кројат црни сценарија и сега со „Бугари во устав“!

„Eдна од главните теми во Македонија и натаму е: зошто не сме ги внеле Бугарите во Уставот? Зашто одговорот е јасен. Не ги внесуваме зашто имаме два катастрофални протокола: потпишани едниот од Никола Димитров, а другиот од Бујар Османи, врз основа на кои Софија ќе не блокира веќе во првата секунда по отворањето на преговорите со Брисел, ако пред таа секунда не потпишеме дека сме вештачка нација создадена во 1944 година. И дека Гоце и сите други од „ Македонија како најромантичниот дел од бугарската историја“ ( како што велеше Петар Стојанов, поранешниот бугарски претседател) се Бугари, кои се бореле за бугарска Македонија населена со Бугари. Така што, од дамнина, до ден денешен, за Бугарија Македонија е бугарска земја, која комунистите ја претвориле во нешто друго, во нешто што сме денес и тука нема што ниту да се додаде, ниту да се одземе.“ – нагласува Дарко Јаневски, публицист, новинар и директор на Македонската информативна агенција – МИА во својата колумна со наслов „Бугарите во Устав, предавствата, мракот и светлината во љубовната приказна за Македонија“.

„Н.М.“: Македонија со посебно место во новата американска геополитичка архитектура! Таа е во средиштето на стратегиската мапа на САД за Балканот!

„Стејт департментот поднесува извештај до американскиот Конгрес: во извештајот, Македонија не е спомната како проблем, туку како пример. Тоа можеби е најважната дипломатска реченица што земјата ја добила од Вашингтон во последната деценија. Во време кога Балканот повторно станува шаховска табла на големите сили, САД ја посочуваат Македонија како држава, што го зајакнала НАТО, и како партнер со кој треба да се продлабочува стратегискиот дијалог. Ова не е случајна формулација. Пред само еден месец, во Вашингтон беше обновен и интензивиран стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД. Тој процес сега добива конкретна политичка и економска содржина.“ – се нагласува во анализата со наслов „ 3, објавена во весникот „Нова Македонија“.

Најнови вести

To top